Екипата од Hydraulic Press Channel покрај каналот на кој уништува работи со својата преса, има и уште еден канал за експерименти кој се вика Beyond the Press. Во едно од нивните најнови видеа, покажуваат што ќе се случи ако ставите врел железен цилиндар на замрзнато езеро.
Цилиндарот тежи околу 20 килограми, а замрзнатиот слој е дебел околу 30 сантиметри. Погледнете како ќе помине експериментот.