Секој знак има свој препознатлив стил на заведување и начин на кој ги привлекува останатите.
Кој ќе „падне“ на тој ваш стил во 2017-та и колку секс авантури ќе ви донесе?
Овен
Креветот нема да биде ваше омилено место за секс оваа година. Повозбудливо ќе ви биде тоа да го правите на брзина, пример во тоалет или во автомобил. Либидото најизразено ќе ви биде во јануари, февруари, мај и август и сигурно ќе пронајдете личност која ќе ви го засити сексуалниот апетит. Нема да се штедите ни од вонбрачен флерт, а може и да прифатите понуди од зафатени личности.
Најлуд провод ќе доживеете со Близнаци. Силната физичка компатибилност може да донесе и до емоции.
Избегнувајте секс со Девици, може да зажалите. После првиот бакнеж ќе забележите дека таму нема хемија.
Бик
Ќе сакате да имате секс по вкусна вечера, со омилена музика, а ако пронајдете личност која точно знае каде да ве допира, нема да останете на една средба. Ако сте во брак или долга врска, излезете од спалната соба и иницирајте секс надвор од неа. Најмногу секс очекувајте во јануари, февруари и ноември.
Ќе ви биде лудо и незаборавно со Риба. Совршена комбинација за нежност, страст и мазење.
Избегнувајте Стрелци. Можеби ќе очекувате премногу, па набрзо ќе почнете да се чувствувате како објект кој служи за задоволување на неговите потреби.
Близнаци
Ова е ваша година за секси авантури, бурни ноќни проводи и нови познанства. За да прифатите физички контакт, спротивната страна ќе мора да ве воодушеви со духовитоста и интелигенцијата. Повеќе од можно е оваа година да се поврзете со личност помлада од вас, а највозбудливите месеци ќе бидат мај, јули и ноември. Ако сте во брак, брачната монотонија не ја пополнувајте со афера, посебно не во месец јануари.
Во близина на Овен ќе ја губите самоконтролата. Подготвени ќе бидете на сè, па и по цена да изгубите нешто што ви е мило.
Избегнувајте контакт со Јарци. Со своите големи очекувања и побарувања ќе ви го задушат интересот.
Рак
Најкреативни сте во сексот кога сте сакани и кога сакате. Но, оваа година може да се изненадите од себе и да се препуштите на нова авантура. Ќе бидете заслепени од личност која ќе ви пружи само повремена нежност. Со неа ќе сакате да пробате нови сексуални предизвици. Во последните два месеци во годината очекувајте најголеми еротски доживувања.
Секси дружењата со Стрелец ќе ви ја подигнат енергијата и самодовербата. Тој ќе знае како да ве остави без здив.
Колку и да ви е привлечна некоја Вага, имајте на ум дека со неа ќе се чувствувате само искористено.