Категории

Како настанало ракувањето?

Денес во целиот свет ракувањето е вообичаен најраспространет начин на поздравување при средба и разделба. Како настанало ракувањето и какво е неговото симболично значење?

Еднаш многу одамна, двајца луѓе се приближувале еден кон друг со испружена и отворена десна дланка, тие со тоа сакале да покажат дека во неа не држат оружје спремно за подмолен напад, туку дека нивните намери се искрени и пријателски.

Ракувањето е одраз на личноста, културата и на воспитанието.

Ракување – повеќе од бонтон

Жената прва му пружа рака на мажот. И за разлика од мажите не мора да ја симне шапката или ракавиците. Постара личност на помладата. Повисока по ранг на пониската по ранг. Ракувањето е задолжително кај честитањето и изразувањето на сочувство, дури и ако претходно сте се ракувале. Се ракува кратко и силно (но без одмерување на сила). Гледајте го оној на кого му пружате рака. Пријателска насмевка, ако е соодветна ситуацијата не е на штета. Раката во висина на лактот.

Секогаш пружете ја десната рака. Доколку држите нешто во неа, префрлете ја во левата. Левата извадете ја од џебот ако е слободна. Ако десната рака ви е извалкана од некоја работа, извинете се. Симнете ги очилата за сонце или подигнете ги на коса. Цигарата задолжително извадете ја од уста и доколку не сте во можност да ја фрлите фатете ја со палецот и показалецот со жарот свртен наназад. Доколку во исто време се ракуваат повеќе особи, тоа не се прави од еднаш и не се вкрстуваат рацете. Кај ракувањето не се користат двете раце. Стисок со двете дланки е резервиран за оние кои добро се познаваат, како и пружањето на левата рака „од срце“.

Формула за ракување

Некои истражувања кажуваат дека човекот во просек во животот се ракува 15000 пати и дека речиси една петина од луѓето се чувствуваат непријатно бидејќи не се сигурни дека тоа го прават исправно. Иако правилата одредени по бонтон ракувањето сепак е многу повеке отколку од контактот со две испружени дланки. На Универзитетот во Манчестер направена е „формула за ракување“ и таа е прилично едноставна – цврсто стиснете и три пати протресете. За да ја „комплицираат“ додаваат – при тоа секако обрнете внимание за силата на стисокот, положбата и топлината на дланката, контакт со очите и должината на траењето. Дали оваа формула може да помогне на несигурната петина не знаеме, но ракувањето останува еден од клучните елементи за оставање на впечаток за другата личност.

Како не треба да се ракува

Единствено правило во бонтонот јасно дефинира што треба, но како тоа да се направи е дел од личниот став, чувства, моментот…И тука нема универзална препорака. Меѓутоа, има многу препораки како не треба и тие можеби можат да помогнат сепак да биде се како што треба. Лесно ракување често е прифатливо во неформални женски контакти. Ракување со задржување на дланката прифатливо е во средбите на стари пријатели или збогување со некоја драга личност. Ракување како „пумпа за вода“ при што раката на другата личност се тресе од рамо не е прифатливо во никој случај.

Што стисокот на раката може да каже

Во некои прилики може да почувствувате на крајот од ракувањето како раката да ви е бутната. На овој начин пратена е порака за неприфаќање и отфрлање. Спротивно на отфрлањето, може да почувствувате дека другата личност ве привлекува поблиску за време на ракувањето. Ова зборува за потребата на контрола. За потребата на контрола но и за чувство на супериорност зборува рака пружена со дланката надоле. Рака пружена прва, со дланка нагоре укажува на понизност или сервилност. „Тие што кршат прсти или длака“ често се „спортските типови“ кои на тој начин ја покажуваат својата физичка сила. Интересно е дека тие речиси никогаш така не се ракуваат со женски особи. Лесно ракување на машка личност може да биде толкувано како личноста да не го сака или е не искрена. Како многу личен или нападен се доживува стисокот на рака при кој ви се свртува раката така што ќе биде свртена нагоре.

И за крај тој кој често се нарекува „допир на мртва риба“ – ладен, неемоционален и често со влажни дланки како знак за потполна незаинтересираност на особата која се ракува со вас.

Ракување од хумористичен агол

Кога се ракуваш со некого, често не се знае кој прв треба да ја пушти раката на оној другиот. Така неретко доаѓа до ситуација во која луѓето толку долго се држат за раце да и на едниот и на другиот им станува непријатно и не знаат што со себе и со со својата рака. Ти да ја пуштиш или да чекаш другиот да ја пушти?

Ако во исто време се ракуваш и се запознаваш со некој, тогаш концентрацијата на чинот на ракувањето и моментот кога треба да ја пуштиш раката преовладува и забораваш, односно нема да го слушнеш името со кое се запознаваш.

А ракувањето е вообичаен пријателски гест при средба и обично не предизвикува сомничавост освен кога се ракувате со политичари.

По ракувањето со спомнатите треба да проверите дали сите прсти ви се на број.

Прегледи:
955
Објавено на:
30.01.2017