Категории

Додадете една лажичка шеќер во шампонот-Еве зошто

Исто како кожата на лицето и телото така и кожата на скалпот има потреба од нега и ексфолијација. Постои начин тоа да го направите без да си го испразните паричникот за скапи козметички производи.

Дерматологот Франческа Фуско, вели дека тајната се крие во шеќерот.

Додајте лажичка шеќер во шампонот на дланката, непосредно пред да го нанесете на косата. Кристалите шеќер ќе делуваат како пилинг и ќе помогнат во отстранување на мртвите клетки на скалпот.

Додавањето на лажичка шеќер во шампонот нежно ќе го ексфолира скалпот, а шеќерот лесно ќе се раствори и исплакне, без да остане нешто на косата“ вели докторката Франческа.

Оваа метода не треба да се користи пречесто. Се препорачува да се практикува на секои 3-5 миења на косата.

Прегледи:
319
Објавено на:
05.02.2017