Категории

10 сличности помеѓу мажите и жените

Многу книги, текстови се напишани за тоа колку се различни мажите и жените. Се пропагира идејата дека неможеме соодветно да живееме едни со други ако не ги разбираме различностите. Сепак, сличностите, а не различностите се она што нас не поврзува и ни го прави заедничкиот соживот возможен.

1. Не сме совршени

Сите очекуваме да имаме совршена мајка, ќерка, девојка, момче, брат или татко, но тоа е невозможно. Престанете да очекувате премногу од луѓето. Обидете се да ги разберете несовршеностите и да простите.

2. Стереотипите не повредуваат

Стереотипите за мажите или жените ни се добро познати на сите, но не навредуваат сите подеднакво. Мораме да се ослободиме од нив и да го одбереме она што го сакаме а на другите дајте им можност да бидат она што сакаат.

3. Ни треба љубов и почитување

Иако се смета дека на жените им треба повеќе љубов, а на мажите почитување, тоа не е точно. И на едните и на другите неопходно им е подеднакво од двете.

4. Имаме проблем со довербата

Низ нашите негативни животни искуства сме минале низ голем број на измами, неисполнети ветувања и напуштање и сите слични работи кои оставиле последици. На сите ни треба малку сигурност и утеха од личностите кои ги сакаме и им веруваме.

5. Несигурни сме

Без оглед дали причина за тоа е изгледот, споредувањето со другите или недостатоците кои само ние ги забележуваме, сите со себе си носат одредени комплекси. Од комплексите не се вакцинирани ниту мажите ниту жените.

6. Имаме чувства

Жените често се сметаат за претерано емотивни, а мажите за нечувствителни, меѓутоа вистината варира помеѓу. Постојат бесчувствителни и мажи и жени, а постојат и претерано емотивни мажи и жени.

7. Имаме цели и амбиции

И мажите и жените имаат исти цели и амбиции. Секој го бира својот фокус, но сите сакаме да бидеме најуспешни во она што ни е важно.

8. Имаме различни гледишта на успехот

Не мажите и жените, туку општо сите луѓе. Секој го доживува успехот на различен, поинаков начин. Некој сака да биде корпоративен лидер, а некој најдобар родител.

9. Имаме сопствени ставови

Сите доаѓаме од различни семејства или култури и нормално е да имаме различни ставови и уверувања, но не врз база на полот.

10. Сите плачеме

Не е срамота да ги изразиме чувствата преку солзи. Сите плачат, некои поретко, некои почесто, но солзите на сите ни се прв начин на изразување емоции, уште од бебиња.

Извор : makedonijadenes.com.mk

Прегледи:
447
Објавено на:
05.02.2017