Категории

Марко Кртолица е најинспиративен асистент на Правниот факултет „Јустинијан Први

Според податоците од истражувањето на Факултети.мк спроведено на повеќе факултети во рамките на УКИМ, меѓу кои и на Правниот факултет „Јустинијан Први“, за студентите најинспиративен од асистентите на најстариот правен факултет во земјава е Марко Кртолица

Како што велат студентите, има посебен пристап кон студентите, со уникатен начин на предавање. Од Факултети.мк велат дека добиле речиси триста предлози и повеќе од илјада одговори  на нивната онлајн анкета за тоа кои се најинспиративните асистенти на државните универзитети.

„Асистентот Кртолица  е најдобар. Кога ни предаваше на додипломски студии, неговите часови едноставно беа уживање. Пристапот му беше посебен, а начинот на предавање оригинален и уникатен. Нема надмен и горделив однос кон студентите, туку напротив знае да ислуша и има трпение. Ги поттикнува со домашни задачи и секогаш е достапен за нив. Тој е вистински педагог“, велат студентите.

По завршувањето на една дебата на предавањето, додаваат студентите, на сите учесници ни даде посебен личен коментар, тие реченици се незаборавни. Кртолица е прв предавач на Факултетот кој ни посочи дека сме способни за нешто уште во прва година. Благодарни што сме дел од овој факултет и од нивниот свет, и за неговото омилено: И 6-ка ти носи диплома. Сфати ја суштината, не бркај оценки“, велат студентите.

Image result for марко кртолица

„Како што сум јас инспирација за студентите така се и тие мојата инспирација. За мене работата со студентите е најубавата работа на светот. На ниедно место не се чувствувам толку слободен како во амфитеатарот, пред студентите.  Тие ми даваат и енергија и инспирација. Секогаш треба да се има предвид дека младите се иднината на оваа земја, и од тие причини и одговорноста на луѓето од науката, на професорите и на асистентите, е голема. Во таа насока, јас ќе продолжам да бидам посветен на студентите и ќе работам за тие да добијат што поквалитетно образование кое е императив за развојот на една земја“, вели за Академик  Марко Кртолица, кој е асистент на Катедрата по уставно право и политички систем.

Извор:Академик.мк

Прегледи:
1042
Објавено на:
11.02.2017