Анџелина Џоли речиси две децении е блиска пријателка со актерот и музичарот Џаред Лето, но изгледа нивното пријателство по разводот на актерката со Бред Пит, прерасна во романса.
Откако во јавноста се појавија гласини дека Пит е во врска со Кејт Хадсон, неговата поранешна сопруга си најде нов дечко.
Пријателите на Џоли тврдат дека таа е во тајна врска со Лето.
– Кога ги поднесе документите за развод од Бред, Џаред беше првиот со кој ја сподели веста, изјави пријател на Џоли.