Погледнете како реагираат хороскопските знаци кога ќе ги изневерите. Овенот ќе ви го уништи животот, Рибата ќе ви ја покаже вратата…
Овен
Жените од овој хороскопски знак ќе му го загорчат животот на партнерот кој ги изневерил, но со таков манир што светот ќе му се заврти. Прво божем ќе прости, но тоа не значи дека ќе го проголта предавството. Жената Овен темелно ќе ја подготви својата одмазда и ќе му набие такви рогови, што ќе му држат влага цел живот.
Бик
Веднаш по првата изневера на мажот нема да следи разделба, но сепак тој ќе мора многу напорно да работи. Тој ќе биде принуден да се труди деноноќно за да ја одоброволи својата партнерка. Ако престане да заработува добро, ќе биде исфрлен од домот.
Близнаци
Жените од овој знак дејствуваат импулсивно и не се знае како ќе реагираат на таква вест. Токму тоа што никогаш не знаете дали ќе ви ја исфрли облеката преку тераса или ќе ви прости е застрашувачкиот момент кај нив.
Рак
Раковите тешко би простиле неверство, но не би се одлучиле за разделба веднаш. Ќе мислат ќе страдаат, ќе поставуваат прашања и на крајот ќе најдат сили да продолжат понатаму.
Лав
Подобро не изневерувајте ја жената од овој хороскопски знак, не, ако не сакате да ја изгубите! Таа нема да прости, директно ќе ви го собере багажот и ќе ви каже “Збогум!”
Девица
Жените од овој знак не сакаат да прават скандали, но ќе доживеат толку силна болка што и вие ќе се расплачете со нив. Повредената Девица ќе плаче ден и ноќ, додека не го натера партнерот кој ја изневерил да ја се моли на колена.
1 2