Ценетата визажистка и makeup артист Charlotte Tilbury, е позната по своите женствени, неодоливи и заводливи изгледи кои ги креира. На нејзиниот youtube канал можете да најдете туторијали за убавина за секаква пригода, а по повод Денот на вљубените таа креира едноставен и природен изглед кој сигурно ќе и се допадне на секоја девојка. Во продолжение издвојуваме и уште 2 makeup изгледи кои прилегаат на секоја дама.