Категории

ВИДЕО: За „влакно“ ѝ побегна милионот во „Се или нешто“

Вистинска драма во ТВ Сител, поточно во квизот „Се или нешто“ се случуваше вечерва. Андријана ја однесе најголемата награда во 6 годишната историја на квизот. Таа успеа да заработи 310.000 денари паметно продавајќи ја кутијата во последниот круг.

На крајот и остана само милионот и уште една кутија од 100.000 денари. Банкарот првично и понуди 280.000 денари. По некое време тој ја зголеми понудата за 310.000 денари. Таа долго време размислуваше и се консултираше со своите најблиски но на крајот се реши да ја прифати понудата.
Кога ја отвори својата кутија, во неа имаше 100.000 денари, што значи дека успеа да ја продаде за 3 пати поскапо.
Честитки за Андријана и со здравје да си ги троши парите.

Прегледи:
553
Објавено на:
14.02.2017