На некои знаци им е тешко да излезат од својата зона на удобност, а некои премногу мислат или се перфекционисти. Дознајте од која од овие особини ви е најтешко да се ослободите според хороскопскиот знак.
Овен – Нетрпеливост: Не можете да очекувате се` да се случи веднаш. Ако постојано брзате, може да ги пропуштите работите на кои им треба подолго време за да се случат. Научете се на трпение, и ќе бидете долгорочно наградени.
Бик – Лутина: Важно е да се ослободите од натрупаната лутина во себе, само со простување ќе се чувствувате подобро и ќе одите напред во животот и ќе ви се отворат прекрасни можности во иднината.
Близнаци – Премногу размислување: Понекогаш е важно малку да го замолчите вашиот мозок. Ако постојано сте зафатени со размислување, ја пропуштате сегашноста. Опуштете се, успорете малку и уживајте во сегашноста без многу размислување.
Рак – Зона на удобност: Знаете како велат, дека животот почнува на работ од вашата зона на удобност? Сега е совршен момент да пробате нови нешта и нови искуства. Ќе бидете изненадени од тоа што ќе го откриете.
Лав – Его: Не сакаме да звучиме грубо, но светот не се врти околу вас. Се случуваат и негативни работи, што не значи дека светот ви мисли лошо. Ако го сфатите тоа ќе можете да се фокусирате и да не ви влијаат толку интензивно туѓите дејства и мислења.
Девица – Перфекционизам. Време е да престанете да очекувате совршенство од себе и од другите. Сите имаат мани, совршенство не постои. Ако научите да ги прифаќате ситуациите и луѓето, па и себеси такви какви што се значително ќе го подобрите квалитетот на вашиот живот и ќе ви помогне да се чувствувате поопуштени и позадоволни.
Вага – Удоволување на луѓето. Вие сте експерт за удоволување, но време е да се откажете од тоа. Треба да сфатите дека е невозможно да ги усреќите сите, а ќе се изгубите себеси во процесот. Концентрирајте се на приоритетите и грижата за своите потреби. И вие заслужувате да бидете среќни.
Скорпија – Копнеење. Многу се трудите за да го добиете тоа што го сакате, но понекогаш работите во животот не излегуваат како што сте планирале. Наместо да мислите на тоа што го немате, концентрирајте ја енергијата и ценете ги прекрасните нешта што веќе ги имате во животот. Така јасно ќе согледате што е вистински важно и што навистина сакате.
Стрелец – Натпревар. Ослободете се од вашата потреба постојано да се натпреварувате со себе и со другите околу вас. Верувајте дека е доволно кога сте дале се од себе. Ако се ослободите од високите стандарди, ќе ги подобрите и вашата самодоверба и вашите врски.
Јарец – Контрола. Дајте си дозвола да ја намалите контролата и да ве понесе текот на животот. Можеби ќе се шокирате, но контролата е само илузија. Ако се откажете од неа, светот нема да пропадне, напротив, ќе уживате во новодобиеното чувство на слобода и радост.
Водолија – Проценување. Се гордеете со својата објективност, но со овој начин на размислување лесно можете да влезете во навика на проценување. Ако верувате дека секогаш знаете што е правилно, не оставате простор за однесувањето на другите луѓе. Ако и одолеете на таа навика, повеќе ќе сочувствувате со луѓето, ќе ги сослушувате и ќе ги разбирате.
Риби – Тага. Бидејќи сте длабоко чувствителна личност, одземате многу од енергијата околу вас, но тоа не значи дека не можете да научите да се опуштите. Ослободете се од тие тешки чувства и ќе почнете да се чувствувате полесно и поживо. Ако се ослободите од тагата во вас, ќе бидете поприсутни и ќе го искусите животот каков што е сега.