Сите и завидуваат на прекрасниот тен и изглед на Кејт Мидлтон и се прашуваат во што се крие тајната на нејзиниот природен и свеж изглед. Секако освен тоа што зад неа се крие тим од професионалци, токму еден од нејзините лични визажисти ја откри нејзината тајна која предизвика вистински шок, верувале или не се работи за тегла Nutella.
Најпопуларниот сладок крем на светот е тајната состојка во маската за лице која Кејт ја користи за да добие блескав и здрав изглед. Она што Дебора Мичел – личната козметичарка на Кејт го прави е во сад со шеќер и балзам додава лажица нутела, и со тоа добива смеса за пилинг на лицето. После Кејт Мидлтон, Дебора е исто така личен визажист и на Викториа Бекам и Гвинет Палтроу.
Во светот на познатите личности секојдневно осамнуваат нови бизарни трендови за убавина, помеѓу кои се наоѓа и овој. Што мислите вие и дали би го пробале?