Категории

Кој хороскопски знак сака брзо додворување со секс, кои се верни, а кои внимателни?

Биковите доколку почувствуваат дека страста во врската ја снемува, тие возбудата ја бараат на друго место и тоа најчесто зад вашиот грб.

Од друга страна пак Близнакот сака да флертува, но само за да не нервира и провоцира, па доколку сакате да го задржите во врската, понекогаш треба да флертувате и вие и да се обидете да го направите да биде љубоморен. Но оваа игра не смеете никогаш да ја играте со некој кој што во хорскопски знак е Рак, а кога се тврдоглавите девици во прашање тие сакаат удварање но со малку секс…

Овен

Овновите се вљубуваат брзо и силно, прерано донесуваат одлука за посветеност, а потоа се борат со тие брзо донесени одлуку и бегаат од нив, па тоа може да трае и со месеци, а попнекогаш и со години.
Тие во главно влегуваат во период на проценка и повторни познанаства па се обидуваат повторно да ја запалат страста во врската, а за време на тој период најчесто почнуваат да ги разбираат своите вистински емоции и одлучуваат за иднината. Доколку не можат да ја оживеат страста, тогаш најчесто бараат нова љубов.

Бик

Биковите се исклучително верни. Кога еднаш ќе запознаат совршена личност, тие најчесто ќе останат со неа до крајот на животот, односно се додека сексуално се активни. Доколку ја снема страста или интересот за секс, тие возбудата ја бараат на друго место – најчесто зад вашиот грб. Никогаш нема да ја признаат неверството, за да ја зачуваат врската која што ја имаат.
Заклучок – иако се неверни, нема да ве остават!

Близнаци

Близнаците и покрај сите досегашни убедувања, се верни и никогаш не ја напуштаат саканата личност. Но тие обожаваат да ве тестираат и ја доведуваат во искушение вашата љубомора. Всушност, тие се во состојба да ја „мачат“ својата сакана личност, впуштајќи се во флерт со што е можно повеќе луѓе.
Но, поради тоа тие често остануваат сами и оставени кога се во прашање луѓе кои не можат да поднесат лутање со погледот кај фраерите или злочесто заведување кај жените. Како би останале засекогаш во врска со Близнак, и да го задржите вниманието на вас, обидете се да го направите и вие него љубоморен.

Рак

Раковите се мошне емоционални и најчесто во потполност се предаваат на една личност. НЕ сакаат да се караат, надмудруваат и проблеми кои носат било каков сомнеж или несигурност. Но, можат да бидат многу љубоморни, несигурни и да бараат многу со чести промени во расположенитето што ги одбива нивните сакани. За верноста на овој хороскопски знак никогаш не треба да се грижите, бидејќи ако ве избрал тој ќе биде ваш засекогаш.

Лав

Лавовите се прилично внимателни пред да се вљубат. Најчесто поминуваат и недели пред да почне љубовта да им цвета во полно светло, бидејќи тие го обожаваат секој начин на заведување. Кога ќе се заљубат, тие се многу страствени и наклонети, но само во првата година или две. Сите што се родени во знакот на Лав имаат силно огнено срце што ги прават моногамни, па врските им траат повеќе од година дена.

Девица

Овој тврдоглав знак сака кратко удварање со малку секс. Најверојатно и по склопениот брак ќе избегнува секс. Многу Девици се наоѓаат во брак во кој многу ретко конзумираат секс, а партнерите ќе мораат да го занемарат нивното неверство.
Додека во игра е стабилната финансиска ситуација и сигурност, како и угледот во општеството, врската со Девица ќе трае долго.

Вага

Вагите се верни! Тие најчесто имаат доги врски, бидејќи пред се тие се вистински пријатели. Сепак тие лесно можат да се „оладат“, па неверството и несигурнста можат да ја уништат врската. Врската со Вага ќе трае се додека бидете интересен во креветот и им посветувате исклчучително многу внимание.

Шкорпија

Шкорпиите се меѓу најверните хороскопски знаци. Тие се привлечни и харизматични. Иако нивниот партнер мора постојано да се бори со силна конкуренција. Тоа предизвикува несигурност, па поради ова врските по година или две се распаѓаат. Обидете се никогаш ДА не им правете нешто лошо, бидејќи тие ќе ви вратат кога најмалку ќе го очекувате тоа.

Стрелец

Овој неодлучен знак има проблем со верност кон само една личност. Кога долго се на едно место или во иста врска, тие стануваат немирни. Ако сакате вашата врска со Стрелец да трае со години, морате да му дадете потполна слобода. Можеби треба да поминете дури и преку неверство!

Јарец

Јарците се традиционални и очекуваат традиционална венчавка попратено со долготрајна фаза на удварање и не многу секс пред брак! Тие очекуваат потполна верност, а кога тоа еднаш ќе го постигне или добие, со партнерот останува долго време. Сексот и децата се начин на кој ќе го задржите Јарецот покрај вас. Неверството за овие знаци главно значи крај на врската!

Водолија

Ова е многу немирен знак на кој што му е проблем да остане во врска со некој повеќе од неколку дена. Тие сакаат живот со разноликости. Не се претерано сексапилни, а може да се случи една личност да ги фасцинириа и имрпесионира со својата особеност и начинот на живот, а потоа наеднаш да изгубат интерес за него. Стимулирајте го нивниот интелект и ќе имате одлична шанса со нив до поминете повеќе години.
Покрај тоа – пожелно е да сакате патувања!

Риби

Рибите се еден од најверните хороскопски знаци! Сакаат врски кои траат цел живот. Иако се работи за многу морални знаци, неверството не им е непознато, но тоа никогаш нема да го признаат на своите партнери. Рибите се тие кои ќе се венчаат со симпатијата од средно школо и ќе останат со нив до крајот на животот.

Прегледи:
363
Објавено на:
21.02.2017