Категории

Ова е омилениот тренд на дамите сезонава

Ѕвонестите ракави станаа абсолутен хит и оваа сезона. Се работи за таков крој на ракавите кои се шират во долниот дел во облик на ѕвон. Боло долги или тричетврти, тие одлично се вклопуваат со пуловери и џемпери, а особено неодоливо изгледаат фустаните со ваков крој.
Но при секоја прилика на комбинирање внимавајте остатокот од вашата гардероба да биде одлично симетричен и да не изобилува со претеран волумен и широк крој за главниот акцент да падне на ракавите и тие да бидат она што ќе ја прави вашата копмбинација посебна.
Кошулите со ѕвонести ракави можете да ги носите со фармерки или панталони со рамен крој и елегантни здолништа. Фустаните изгледаат совршено кога би ги комбинирале со чизми над колена. Погледнете ја галеријата и инспирирајте се од модните комбинации..

Прегледи:
889
Објавено на:
23.02.2017