Легендарната модна куќа Chanel денес за прв пат објави низа видеа инспирирани од нејзината основачка.
Оваа 2017 година, модната куќа одлучи да ја посвети на својата основачка, под слоганот “CHANEL celebrates GABRIELLE” при што е лансиран краток филм посветен на легендарната Коко Шанел.
Карл Лагерфилд дизајнира и специјална ташна во нејзина чест која е претставена во склоп на пролетната сезона, а на есен е најавено и лансирањето на новиот парфем кој исто така го носи нејзиното име – GABRIELLE CHANEL.
Првиот од четирите кратки филма, “Gabrielle, a rebel at heart”, ја претставува нејзината храброст и желбата за слобода кои биле нејзината главна мотивација во креативноста кои ја истуркале легендарната модна икона до патот на успехот и тоа што таа претставува денес.