Астролозите велат дека е многу важно да се одберат најдобрите датуми за венчавка. Постојат некои лични правила кои се условени со вашата натална карта – датумот, часот и местото на раѓање. Истото важи и за вашиот партнер, па за најпрецизно предвидување идеално би било да се вкрстат податоците од вашата и неговата натална карта.
Меѓутоа, постојат и некои генерални правила кои се однесуваат на сите – пред се треба да се избегнува времето на ретроградното движење на Сонцето и Месечината, како и лчните планети.
Кога ќе се случат овие важни термини во 2017 година?
Првото правило е дека доста е лесно да се применат во 2017 година, затоа што Сонцето и Месечината не одат ретоградно, а Марс е во директно движење низ текот на целата година.
Останати на списокот се сличните планети: Меркур и Венера кои влијаат на 5 периоди кои треба да се избегнуваат:
1 – 8 јануари (ретрограден Меркур во Јарец и Стрелец)
4 март до 15 април (ретроградна Венера во Овен и Риби)
9 април – 3 мај (ретрограден Меркур во Овен и Бик)
12 август – 6 септември (ретрограден Меркур во Девица и Лав)
3 -22 декември (ретрограден Меркур во Стрелец)
Значи, според првото правило, најповолни датуми за свадба се:
8 јануари – 4 март
3 мај – 12 август
6 септември – 3 декември
22 – 31 декември
Според второто правило, треба да се избегнуваат следните периоди:
Венера во Овен (од 3 февруари до 3 април и од 28 април до 6 јуни)
Венера во Девица (од 20 септември до 14 јуни)
Венера во Скорпија (7 ноември до 1 декември)
Значи, по второто правило, најповолни датуми за свадба се:
8 јануари – 3 февруари
6 јуни – 12 август
6 септември – 20 септември
14 октомври – 7 ноември
22 – 31 декември
Инаку, Венера, која е планета на љубовта, убавината и бракот, владее со Овенот и Вагата, а нејзин знак на егзалтација се Рибите. Се смета дека најдобро време за свадба е кога Венера поминува низ еден од овие три астролошки знакови.
Во 2017 година, Венера е во Риби во периодот од 3 јануари до 3 февруари, а потоа повторно од 3 до 28 април. Венера е во Бик во периодот од 6 јуни до 5 јули, а во Вага од 10 октомври до 7 ноември. Кога ќе се искомбинираат овие три правила, еве кои се најдобрите периоди за свадба во 2017 година:
8 јануари до 3 февруари
6 јуни до 5 јули
14 октомври до 7 ноември