Прочитајте што ви носат ѕвездите на полето на љубовта во третиот месец од годината.
Овен
Март е месец на љубовта за вас. Ќе имате прилика да ги остварите сите свои романтични фантазии, а без оглед на тоа дали сте во врска или не, сигурно ќе уживате во убавите денови. Љубовта е насекаде околу вас и само треба да ја забележите и да и се препуштите. Ве очекуваат многу убави моменти и романтични изненадувања, но сепак малку ќе треба да внимавате вашата претерана енергија да не ги избрка луѓето од вас.
Бик
Ви престои пролет која позитивно ќе влијае на вас. Ќе бидете заљубени во сите нешта што ве окружуваат, а вашето добро расположение ќе биде заразно. Ќе бидете подготвени за романтична љубов, но и авантури, а овој месец ќе донесете одлука и да го слушате своето срце. Интензивно трагате по сродна душа, а овој месец носи многу шанси да ја пронајдете. Доколку сте во врска, веројатно ќе се одлучите на некој поголем, важен чекор.
Близнаци
За жал, за родените во овој знак, љубовта нема да биде многу сјајна во текот на март. Но, ќе преживеете. Ништо посебно нема да се менува на љубовно поле во текот на март, но тоа не значи дека април не носи убави нешта. Во врските ќе биде по старо, но ако сакате да се менувате, имате слобода да го направите тоа. Ако не сте во врска, уживајте во слободниот статус, само дружете се и забавувајте се.
Рак
Март за вас ќе биде прилично турбулентен месец, но тоа не мора да значи ништо лошо. Страстите ќе бидат нагласени, а огномети ќе летаат на сите страни. Само треба да внимавате ваквото расположение да го искористите за уживање со партнерот, а не за расправии за нешта кои не се важни. Потполно уживање во романтични моменти ве очекува на крајот на месецот, а ни на слободните претставници на овој знак нема да им биде така лошо – љубовта е во воздухот, баш како и флертовите.
Лав
Овој месец ќе уживате во љубовта, а дури и ако сте слободни, можете тоа да го промените во првата недела на март. Ќе бидете добро расположени, подготвени за романтични моменти и слатки изненадувања. Иако тоа се чини убаво и слатко, сепак водете сметка да не се занесете, бидејќи со парнерот морате да воспоставите компромиси и не може секогаш да биде по ваше. Малку флексибилност и разбирање и нема да постојат никакви расправии и проблеми.
Девица
За вас во март сите нешта ќе се вртат околу љубовта. И не само што ќе бидете заљубени и опиени, ќе се забавувате како никогаш досега и нема да пропуштите ниту една можност за излегување и добра забава. Само внимавајте да не претерате со забавата, па потоа да се каете поради некои работи. За оние кои се во врска, постои можност да ја прекинат врската поради друга личност. Сепак, следете ја својата интуиција.
1 2