Дакота Џонсон е една од популарните холивудските актерки позната по својот природен и нежен изглед. Нејзината шминка е секогаш минимална, во нежни светли тонови кои ги нагласуваат нејзините црти и крупните плави очи. Популарната актерка од еротската сага „Fifty shades of grey“ секогаш изгледа беспрекорно па според тоа не е воопшто чудно што ја избравме за ултимативен пример за убавината. Нејзината младешка фризура со кркми моментално е на листата на нај побарувани фризури кај стилистите. Подолу погледнете ги нејзините изгледи кои ние ги избравме за наши омилени, и инспирирајте се оваа пролет да блеснете со потполно нов свеж изглед.