Категории

Зошто родителите ги мешаат имињата на децата?

Една студија изработена од универзитетот Дјук, во која учествуваа 1.700 испитаници покажа дека половина од нив откриле дека родителите понекогаш ги викаат по имињата на браќата и сестрите, па и домашните миленичиња.

Истражувањето го покрена Сандра Дефлер, потсетувајќи се дека нејзината мајка ја го мешала нејзиното име со тоа на кучето, што во детството и пречело, но сега знае дека станува збор за начинот на кој функционира мозокот – тој како библиотека собира информации за одредена категорија. Како што во библиотека книгите по историја се групирани на една, а оние за психологија на друга полица, така во нашиот мозок имиња на ближните се во ист фолдер.

Затоа е возможно детето да се повикува по името на неговиот брат или сестра, а исто така е можно и да им ги замените имињата на пријателите.

Интересно е дека забуната полесно се случува кога човекот е налутен или фрустриран.

Често пати родителите своите деца ги викаат по имињата на нивните миленичиња. Научниците веруваат дека причината лежи во фактот дека кучињата се друштвени животни, дека повеќе се одзиваат кога ги викаат, често се употребува нивното име, така што полесно доаѓа до забуна.

Прегледи:
325
Објавено на:
25.02.2017