Категории

Декадентни ’80-ти во новата колекција на Saint Laurent

Париската модна недела угости уште една колекција на екцентричниот и секогаш доследен на својата невообичаена аура – Saint Laurent, потпишана од креативниот дизајнер Anthony Vaccarello. Колекцијата наменета за студената сезона есен/зима 2017, не се разликува многу од она по што е препознатлив овој бренд. Во центарот на вниманието се издигаат естетичните, декадентни и сексипилни „’80-ти“.
Кожните јакни во кафеави тонови во комбинација со кратки здолништа и пуловери, високи чизми и фармерки, Вакарело повторно си поигра со симетричноста кај кроевите додавајќи го и популарниот „волумен“ кај парчињата кој вртоглаво се актуелизира, и сето тоа спаковано на еден многу уметнички начин. Целосната колекција погледнете ја во галеријата подолу.

Прегледи:
668
Објавено на:
01.03.2017