Категории

Џон Бон Џови танцува со ќерка си на сцена за изведба на песната која ја напиша за неа

Џон Бон Џови ја одушеви публиката во Лас Вегас, покажувајќи колку е силна неговата врска со ќерка му Стефани.

Во рамките на концертот, славниот рокер ја пееше „I’ve Got the Girl“, која ја има напишано за саканата ќерка. Пред самиот крај, тој ја покани Стефани на сцената и заедно танцуваа пред публиката која ги охрабруваше со аплаузи и овации.

„Сите имаат мало девојче во животот… Ја напишав оваа песна за тоа мало бебе, кое сега повеќе не е така мало бебе“ – рече Бон Џови за време на изведбата.

Видео

Пред 16 години Стефани за првпат танцуваше со татко си на сцената за време на „I’ve Got the Girl“. Оттогаш, популарниот бенд често во позадина покажува снимки од разиграната Стефани додека настапува со енергичната песна.

Прегледи:
474
Објавено на:
02.03.2017