Категории

Машката колекција на The Weeknd за H&M

Новата колекција на H&M дизајнирана од актуелната музичка сензација The Weeknd вклучува парчиња во „уличен“ стил со прилагодени кроеви кон овосезонските неизоставни трендови кај машката облека. Spring Icons Selected by The Weeknd ги вклучува клучните парчиња лично одбрани од страна на светски познатиот уметник. Кампањата ја нагласува неговата визија спрема неговото мислење.
„Водевме искрен разговор во Абел ни го укажа својот избор на неговата инспирација и важноста на уличниот стил и градот Лос Анџелес во неговата работа“ – изјавија од H&M.
Колекцијата е веќе пуштена во продажба.

Прегледи:
735
Објавено на:
03.03.2017