Категории

Доминантно женствената колекција на Dior

Dior секогаш знае како да ја магепска својата публика а тоа го направи уште еднаш претставувајќи ја својата најнова колекција создадена под дизајнерската палка на Maria Grazia Chiuri – новиот креативен дизајнер на брендот Инспирирана од работниот сегмент и завиена во темно сина, сонлива атмосфера, таа создаде нов амбиент кој кој отсега ќе се држи познатиот бренд. Водејќи се кон духот на основачот – Кристијан Диор, кој и самиот најчесто ја користел оваа боја кај своите креации, нарекувајќи ја „доминантна машка боја“, Мариа остави порака дека Диор отсекогаш бил и ќе е поддржувач на силната феминистичка жена. Иако драматичноста во креациите не беше неизбежна, таа се обиде да им додаде и доза на лежерност и функционалност со што денешната жена би можела да ги носи овие парчиња во секојдневието и притоа да изгледа модерно, убаво но и удобно. Ова е втора колекција на дизајнерката за познатиот бренд, која е прифатена со огромно воодушевување.

Прегледи:
772
Објавено на:
07.03.2017