Традицијата продолжува! Мега популарниот модел и оваа пролет на насовната страница на британскиот Vogue, кој после сите овие години не може да го замисли своето издание без нејзиното лице.
Веќе престанавме да броиме која по ред насловница е оваа за едната и единствена Кејт Мос за „модната библија“. За 43-годишната легенда во модниот свет годините се само број затоа што таа изгледа се подобро и подобро. Иако знаеме дека таа е прилично скромна при нејзините интервуа и ретко се отвора и сака да зборува за себе во јавност, овој пат се одлучи да ја „отвори својата душа“.
„Како модел спремна сум да стојам во бикини на минус 30 степени, а тоа е што клиентите очекуваат од мене како модел и тоа е мојата работа“, откри Кејт. Својата професионална кариера трае уште од нејзината 17 годишна возраст, но иако денес не постои некој кој не знае која е Кејт Мос, нејзиниот селебрити статус спрема тој во деведесеттите години од минатиот век е неспоредлив, додава Кејт. Папараците некогаш биле составен дел од нејзиниот живот, но денес во ерата на социјалните мрежи таа ситуација стана повеќе поднослива.