Категории

Кои се ризиците од одложување на бременоста и дали амниоцинтезата е обавезна за сите трудници постари од 35 години?

Статистиката сведочи дека една од 300 жени постари од 35 години и една од 70 жени постари од 40 се изложени на ризик да носат дете се генетски пореметувања, а тоа е еден од најстрашните докази дека природата не го простува “не слушањето” на билолошкиот часовник кога звони. За тоа сведочи и статистиката во отсекот за медицинска генетика која вели дека од 55 трудници кои месечно се тестираат, 2 до 3 идни мајки носат дете со хромозомски пореметувања.

Не постојат дупки во законот на биологијата – кога жената ќе влезе во четвртата деценија од животот, расте веројатноста дека носи дете со хромозомски пореметувања. За жал, во нашите установи се повеќе постари жени доаѓаат и бараат одговор на прашањето дали се е во ред со нивното бебе. Иако обврска на секој гинеколог е на секоја жена која има навршено 35 години да и препорача да направи амниоцинтеза, сепак од реализацијата на оваа препорака може да има ризик.

Иако секоја трудница која носи прво, второ и трето дете по 35-тата година е “кандидат” за испитување на плодовата вода, одлуката за тоа дали ќе направи амниоцинтеза е искличиво на жената – таа може да продолжи или да ја прекине бременоста ако добие информација дека носи бебе со хромозомско пореметување, а може да бара и второ тестирање. Искуството вели дека 9 од 10 жени кои дознале дека носат бебе со хромозомски пореметувања одлучуваат да ја прекинат бременоста. Останатите го задржуваат бебето од верски или етички причини.

А на прашањето дали амниоцинтезата е најдобриот метод и што всушност таа детектира, докторите велат дека во плодовата вода не е запишана комплетната здравствена ситуација на бебето.

Амниоцинтезата е добра дијагностичка метода за откривање на пореметувања на наследниот материјал на хромозомско ниво – таа ги открива наследните пореметувања и менталната заостанатост. Меѓутоа, таа не може да ги идентификува генетските пореметувања ниту пак идните психички болести.

Исто така врз основа на анализата на плодовата вода не може да се каже дали жената носи слепо или глуво дете. Ултразвучниот преглед е доволен за да провери дали детето има срцева мана или пореметување во работата на внатрешните органи ”, објаснуваат стручњаците.

Иако раѓањето на детето во доцните години носи одредени ризици, се потенцира дека не постојат никакви биолошки граници дека двајца здрави 20-годишни партнери ќе добијат пак здраво потомство. Затоа редовните прегледи се единствен начин безгрижно да се дочека породувањето и да се следи правиот развој на бебето.

Прегледи:
367
Ознаки:
·
Објавено на:
10.03.2017