Начинот на исхрана и пиењето соодветна количина и тип на вода се важни фактори во одржувањето на здравјето што се под наша контрола.
Секојдневното пиење зовриена вода ќе ви помогне да решите повеќе здравствени проблеми и тегоби.
Водата кога е топла или врела не содржи тешки метали и други штетни состојки што понекогаш може да се најдат во водата за пиење од чешма, а може да се наталожат во организмот и да предизвикаат здравствени проблеми.
Ова се предностите од пиењето топла вода за нашиот организам:
1. Пиењето една шолја топла вода секој ден ја прочистува кожата и особено се препорачува за луѓе кои имаат проблем со акни или дехидрирана кожа.
2. Топлата вода ги опушта мускулите, па затоа се препорачува пиење една чаша како решение за ублажување на менструеалните грчеви.
3. Наутро пред јадење и половина час по оброк, пиењето една шолја топла вода ќе го поттикне варењето на храната и ги решава проблемите со надуеност и болното насобирање гасови во цревата.
4. Пиењето топла вода наутро пред јадење помага при инфекции на мочните патишта и ги ублажува киселините.
5. Редовното пиење топла вода ја зголемува циркулацијата, потењето и со тоа исфрлањето на токсините од телото, а на тој начин се олеснува работата на црниот дроб и на бубрезите.
6. Ако се напиете шолја топла вода еден час по јадење ќе го забрзате метаболизмот и ќе го поттикнете согорувањето калории.
7. Редовното пиење топла вода помага при астма и икање, а ќе ви даде и дополнителна енергија при настинки и кашлање.