Karl Lagerfield уште еднаш и приреди моден спектакл на својата публика со фантастична сценографија и воодушевувачки креации. Овој пат дизајнерот со бескрајно луда фантазија ја осмисли својата нова колекција како стилски униформи за лет во свемирот, а модната приказна ја надополни гигантска ракета во Grand Palais околу која чекореа моделите облечени во парчињата наменети за сезоната есен/зима 2017. Карл својата модна визија ја сплети околу неговата инспирација која ја објасни како „интегралактичка, свемирска, небесна“.
Во фокусот беа препознатливите класични сакоа какви од твид ги изработувала и самата Коко, како и женските одела препознатливи за ’60-тите. Модните додатоци совршено се вклопуваа во приказната, од ташни во облик на полумесечина, футуристички наочари за сонце, металик свемирски материјали, па се до светкави ранци и траки за коса, и секако високите чизми кои блескаа со секој чекор. Ако некогаш човечкиот род се пресели на Месечината, тогаш сигурни сме дека Карл ќе биде првиот спремен за тоа. Дури и за Chanel ова беше повеќе од очекуваното, една навистина маестрална модна приредба.