Како лек за бурното секојдневие пренатрупано со брз живот во постојано движење, Celine пронајде во едноставноста. Во својата најнова колекција одлучи да ги вметни вообичаените комфорни но софистицирани идеи, овој пат повторно претставени на доста забавен начин.
„Модата денес треба да биде возбудлива, но и исто така и комфорна поради брзиот живот кој го живееме.“ Овој пат во нивната колекција доминираа сериозни парчиња наменети за деловниот свет кои некои од модните критичари ги сметаа за престроги, додека во колекцијата прошараа и лежерни фустани кои се одвојуваја со својата практичност и прагматичност. Популарнот француски бренд не отстапува од својата замисла за класика, елеганција и комфорт во исто време што е и главната причина зошто е и еден од најобожаваните помеѓу дамите.