Иако не звучи ни малку примамливо, Ева Мендез има решение за што помалку стрес околу оброците: Славната актерката не гледа на храната како „гориво за телото“.
Преубавата актерка го сподели својот едноставен режим на исхрана, откривајќи дека нејзиниот начин се разликува од необичните диети до кои се држат поголемиот дел од холивудските ѕвезди. Таа сподели дека нејзиниот начин на исхрана исклучително го олеснува нејзиното секојдневие, а тој се состои од два потполно исто оброци – ручек и вечера, а додека за доручек на менито се јајцата.
„За ручек секој ден бирам лосос во комбинација со ориз и квиноја, а за оброк секогаш ја вклучувам салатата. Истото го јадам и за вечера. Ги сакам своите мали навики а храната никогаш не ми здосадува..“ – изјави Ева Мендес, која со својот статус на ѕвезда сака да го олесни своето секојдневие особено откако има две ќерки со актерот Рајан Гослинг.
„Сепак за доручек одвојувам време и припремам нешто поинакво, но секое утро сакам да го започнам денот со протеини па затоа најчесто припремам јајца – кајгана во комбинација со тост. Повремено го променувам својот доручек па појадувам магини, но освен јајца,лосос и ориз обожавам црн грав и се што е слатко.“ Таа исто така призна дека обожава да јади слатко но секогаш внимава да го потроши сиот внесен шеќер, а тоа воопшто не и е тешко поради нејзината љубов кон вежбањето а и мајчинскиот живот кој секогаш ја држи доста активна.