Само една жена може да го има секој маж што ќе го посака. Таа е фатална, шармантна и неверојатно сексапилна.
Станува збор за жената Близнаци.
Жената Близнаци е непредвидлива и својата пријателски настроена и љубезна маска многу бргу може да ја замени со оддалеченост и ароганција.
Од потенцијалниот партнер бара ментална компатибилност за да биде заинтересирана, бидејќи оваа дама не дозволува никој да си игра со нејзиното тело, ако не е способен интелектуално да ја предизвика.
Интелектуално љубопитна, комуникативна, духовита и брилијантна, жената Близнак е и многу модерна. Не постои отворање на изложба, премиера или некој друг значаен настан кој таа ќе го пропушти.
Близнаците постојано сакаат нови работи, па тоа може да ги натера да трошат многу пари и да изгледаат прилично ексцентрично.
Жената Близнак постојано ги прилагодува сопствените потреби, а истото се обидува да го направи и со својот партнер. Промената е важна за нејзиниот живот и психичкиот развој.
Подготвена е да ги употреби сите женски оружја, својот шарм и привлечност за да го добие тоа што го посакува.
Оваа дама лесно се заљубува и понекогаш може да има повеќе љубовници истовремено.