Категории

По 26 години брак, маж по втор пат ја запроси саканата откако дознале дека таа има рак на дојка

Џим и Лора Коч се доказ дека вистинската љубов постои и дека таа не исчезнува без разлика на околностите во животот.

Заљубениот маж по втор пат ја запроси својата сакана, откако неа ѝ бил дијагностициран рак на дојка и ѝ била направена мастектомија, само за да ѝ покаже дека секогаш ќе ја сака и ќе биде покрај неа.

„Сакав да ѝ кажам дека заветите кои ги направивме дека ќе останеме заедно во болест и во здравје сè уште важат. Секогаш ќе ја сакам“ – вели 60-годишниот Џим.

Парот од Ајова е во брак 26 години.

Фотографиите од емотивниот момент биле направени од нивната 18-годишна ќерка Кристин, која ги сподели на својот профил на Twitter.

„Мајка ми моментално заздравува од операција поради рак на дојка и татко ми ѝ купи нов свршенички прстен. Тој ѝ предложи повторно и јас плачам“ – напиша таа.

„Само сакав да ја покажам љубовта која моите родители ја имаат еден за друг. Многу е емотивно што го гледам ова и по 26 години. Тато сè уште ѝ покажува на мама дека ја сака премногу“ – објаснила Кристи.

„Бев пресреќна и почувствував олеснување. Тоа беше доказ дека иако ракот многу ќе го промени мојот живот, едно нешто секогаш ќе остане исто. Неговата љубов кон мене е вечна и нашата верба ќе трае вечно“ – вели 54-годишната Лора.

„Лекувањето е ужасно, физички и ментално. Овој маж знае точно како да ја лекува својата сопруга, во секој поглед“, „Да ја имаш вистинската личност покрај тебе во најлошите моменти од твојот живот е апсолутно најдобриот лек кој можеш да го добиеш. Безусловната љубов и поддршката која ќе ти ја пружи ќе ти помогнат да поминеш низ сè“ – се дел од коментарите за приказната на Џим и Лора на социјалните мрежи.

Прегледи:
305
Објавено на:
16.03.2017