Категории

ЗАД КАМЕРИТЕ НА „СЕ ИЛИ НЕШТО“: Лила уловена како се шета во тренерки и топлинки! (фото)

Се сеќавате ли на цитатот „Не е можно жената да се чувствува лошо расположена ако носи добра облека“ од незаменливата Коко Шанел?

Тогаш според ова правило не е ниту чудно што Лила Стојановска секогаш е насмеана и зрачи позитивни вибрации. Таа дефинитивно е една од македонските јавни личности што обрнува најголемо внимание на својот изглед.

Пред камерите секогаш ја гледаме во впечатливи изданија, средена до совршенство. Нејзиниот изглед го надополнува нејзиниот талент да шармира во улогата на водителка на квизот „Се или нешто“.

Сепак иако на ТВ екраните Лила секогаш е на високи потпетици во тренди фустанчиња или класични панталони, зад камерите ситуацијата е поинаква. Таа знае да дојде во тренерки и низ телевизија Сител да прошета во топлинки за време на процесот на средување на нејзината шминка и фризура, а дури потоа да го облече тоа што одлучила за на малите екрани.

На последната фотографија што ја објави на Инстаграм е во едно такво лежерно издание.

Извор : Вистина.мк

Прегледи:
519
Објавено на:
23.03.2017