Време е за пролетно чистење на вашата козметика!
Добро знаете дека одвреме на време треба да се ангажирата за вашите козметички продукти и кои од нив веќе предолго стојат во вашиот несесер и треба да се заменат со нови. Исто така треба да обратите внимание на вашите алатки кои бараат нега и хигиена со цел да спречите појава на иритации и инфекции кај вашата кожа.
1. Дезинфицирајте ги сунѓерите
Ќе се изненадите доколку дознаете колку брзо се шират бактериите на сунѓерите за нанесување на шминка. Ретко кој има време да ги чисти секој ден (што апсолутно треба!). Правилата налагаат да се заменуваат на секои три месеци со нови, доколку сте заборавиле колку време изминало откако ги имате во вашиот несесер, тогаш најверојатно е време за нови. Перете ги со дезинфективно сретство и благ шампон оние кои што сеуште можете да ги употребувате, а останатите фрлете ги. Внимавајте да ги чувате заштитени во кутивче цело време и да не доаѓаат во контакт со останатата шминка.
2. Чистете ги четките за нанесување шминка
Четките се најголеми преносници на бактерии па секој пат кога ќе ги употребите, на нив останува дел од шминката и природните маска од кожата. Наједноставно е да ги перите со благ шампон, после тоа оставете ги да се сушат врз мек пешкир на рамна површина во вертикална положба (влакнестата страна врз пешкирот).
3. Исперете ја четката за коса
Отстранете ги остатоците од влакната од четката и исперете ја со благ шампон за коса.
4. Фрлете ја козметиката на која и изминал рокот на употреба
Често се изненадуваме колку брзо поминува рокот на траење на прозиводите. На секое пакување постои озната на која пишува колку долго производот може да се користити после отворањето. Добро проверете кои производи сте ги отвориле но воопшто не ги користите.
5. Време е за шопинг!
Решете се од вишокот на козметика и одете на шопинг по нова. Пролет е а веќе новите трендови затропаа на вратата. Подновете се со продукти кои ќе донесат свежина и колорит во вашата beuaty рутина.