Жаклина, 47-годишната Србинка, која моментално живее во Италија, стана огромен хит на Инстаграм благодарение на фактот дека таа изгледа како дупло помлада девојка, но најверојатно и поради тоа што таа е најсекси бабата на оваа социјална мрежа.
Секси бабата на Инстаграм ја следат повеќе од 200.000 луѓе, а секоја нејзина нова објава предизвикува воодушевување кај нејзините фанови бидејќи нејзиниот моден вкус е навистина исклучителен.
Жаклина е модна блогерка, а за својот стил вели дека е мешавина од најдобрите стилови кои ги собрала од Полска, Швајцарија и Франција во периодите кога живеела таму.
Жаклина е баба на две девојчиња, од нејзината 28-годишна ќерка, па од таму и нејзините хаштази #grandmotherwholovesfashion, односно – “баба која е љубител на модата”.
Британскиот Daily Mail пишува дека Жаклина е полна со позитивна енергија која им ја пренесува и на оние кои ја следат на Инстаграм, иако нејзиниот син Стефан починал на Бадник во Београд, таа со целата ситуација се носи многу добро.
“Мојата главна цел е да ги охрабрам жените да ја разбудат својата дива страна”, нагласила оваа баба која се чини дека во тоа и успева.