Категории

Прва помош при поткожни мозолчиња

Чест проблем на кожата кој најчесто се јавува без особена причина се поткожните мозокчиња. Причините и не се баш непознати но и колку да се држите до строгата хигиена на лицето тие едноставно го проноѓаат својот начин да се појават баш во непосакуван момент. Ние ви споделуваме неколку трикови за тоа како да си помогнете кога ќе ви се појави несакано поткожно мозолче.

Ладна облога
Иако ви се чини преедноставно, познатиот лик со ладна облога може и те како да помогне кај поткожните мозолчиња. Натопете чиста ткаенина со ладна вода и во неа замотајте коцка мраз и притиснете ја директно врз местото каде што ви се појавила акната. Мразот ќе го спречи неговото растење и ќе го смири воспалениот процес што за многу брзо време таа ќе биде помалце видлива.

Производ наменет за поткожни мозолчиња
Поткожните проблеми најдобро е да се третраат со производи чија намена е токму таа. Но внимавајте доколку тој производ содржи агресивни состојки кои можат да ја исушат кожата и се да стане уште полошо отколку што изгледало, затоа откако ќе го нанесете производот за третирање на поткожните акни ставете и хидратантна крема.

Прескокнете го пилиногот
Кога ќе воочите поткожно мозолче, најлошото што можете да го направите е ексфолијација. Пилингот избегнувајте го затоа што со него само ќе постигнете спротивен ефект. Тријањето на поткожните инфекции може само додатно да го иритира и да создаде црвенило, па затоа избегнувајте го во тие денови.

Немојте да ги допирате
Последно и најважно – немојте да ги допирате поткожните акни, нити да ги притискате затоа што така можете само додатно да ја влошите состојбата. Со тоа можете да ги воспалите и да ги направите уште повеќе видливи а и да внесете уште повеќе бактерии во порите. Следете ги претходните совети.

Прегледи:
1914
Објавено на:
27.03.2017