Категории

13 работи што мажите и жените ги прават различно

Велат дека мажите се од Марс, а жените од Венера. Можеби тие не се толку многу различни, но сепак постојат одредени ситници што ги издвојуваат едни од други. Во продолжение прочитајте кои се 13-те работи што мажите и жените ги прават различно…

1. Различно се соблекуваат

Мажите и жените поинаку ја соблекуваат облеката. Најчесто, мажите ги ставаат рацете зад нивните рамена и ја соблекуваат маицата така што ја користат јаката. Жените ги прекрстуваат рацете однапред, ја фаќаат маицата за работ и ја превртуваат наопаку додека ја соблекуваат. Мажите ги користат и двата начина, но жените само вториот. Ова не е така затоа што мажите и жените биле научени да се соблекуваат на различен начин, туку затоа што облеката на жените најчесто е потесна и не можат да го употребат „машкиот“ метод.

2. Различно ги покажуваат рацете

Ако им кажете на мажите да ги покажат рацете, тие секогаш ги покажуваат дланките, додека, пак, жените го претпочитаат предниот дел од рацете поради некоја причина.

3. Различно фрлаат топка

Мажите фрлаат топка така што земаат залет со рацете над и зад главата, додека, пак, жените ја фрлаат одгоре надолу држејќи ја со двете раце пред нив. Зошто е тоа така? Никој не знае!

4. Различно зеваат

Најчесто, мажите ја покриваат устата со тупаница додека зеваат, додека, пак, жените го прават тоа со отворена дланка, можеби затоа што изгледа поелегантно и поженствено.

5. Различно слушаат звуци

Жените имаат поостар слух од мажите и одлично ги слушаат звуците на повисока фреквенција. Интересно е тоа што женскиот мозок е „програмиран“ да го слуша детскиот плач, додека, пак, повеќето мажи можат да продолжат мирно да спијат како ништо да не се случило. Исто така, ако некое маче мјаука, постои поголема веројатност дека жената ќе го чуе, а мажот не. Меѓутоа, мажите можат подобро да ја одредат локацијата од каде што доаѓа звукот, така што тие ќе можат без проблем да најдат каде се крие мачето!

6. Различно седат

Жените најчесто седат со вкрстени нозе при што ги замотуваат нозете една околу друга. Мажите ги шират, со колената оддалечени едни од други. Ова е така најмногу затоа што поголемиот дел од мажите и жените носат различна облека и дефинитивно не е добра идеја жената да седи во „машка“ позиција ако носи кратко здолниште. Што се однесува до мажите, нивната инстинктивна седечка положба влече корени од еволуцијата. Имено, ова е типичната позиција со која „алфа мажјакот“ ја покажува неговата мажественост.

7. Поинаку прават разлика меѓу десно и лево

Мажите никогаш не ги мешаат десната и левата страна, бидејќи кај нив или е поактивна десната хемисфера од мозокот или левата, но никогаш и двете. Но, ако ги прашате жените која е нивната лева рака, повеќето од нив нема да ви дадат брз одговор. Најчесто тие гледаат на која рака им се наоѓа прстенот или размислуваат со која рака пишуваат за да се потсетат. Токму затоа мажите ширум светот се жалат дека жените не можат да разликуваат лево од десно!

8. Различно гледаат

Мажите најдобро гледаат напред пред нив и во далечина. Може да се каже дека нивните очи се како двогледи. Ова се нарекува „тунелски вид“ кој е карактеристичен за ловците што се обидуваат да го лоцираат пленот. Токму затоа мажите понекогаш ги обвинуваат жените дека кријат работи од нив. И покрај тоа што нивните чорапи, клучеви или паричник се на своето место, тие не можат да ги најдат веднаш ако не се во нивното директно видно поле.

За разлика од нив, жените имаат многу подобар периферен вид. Се смета дека ова е така затоа што жените треба да ги забележуваат работите околу нив што е можно повеќе за да внимаваат на нивните деца и веднаш да препознаат доколку им се заканува некаква опасност. Овие разлики имаат сериозни последици. Осигурителните компании тврдат дека кај жените постои помала веројатност да направат сообраќајна несреќа во која автомобилот ќе им биде удрен од страна. Но, затоа пак, кај нив постојат поголеми шанси дека ќе го изгребат автомобилот при паралелно паркирање бидејќи имаат слабо развиено чувство за простор.

9. Различно ги врзуваат бањарките

Жените обично ги врзуваат бањарките околу половината, додека, пак, мажите ги врзуваат околу колковите. Некои велат дека ова е така затоа што жените сакаат да ја нагласат нивната фигури дури и кога носат широка облека, а мажите воопшто не се грижат за ова. Други, пак, сметаат дека така се врзуваат затоа што им е поудобно. Што мислите вие?

10. Различно ги толкуваат работите

Се вели дека жените можат веднаш да ги протолкуваат визуелните, вербалните и другите знаци што им ги даваат луѓето. Кога жената ќе влезе во просторија полна со непознати луѓе, таа внимателно набљудува и веднаш може да препознае кој со кого се дружи, кои од присутните се скарани меѓу себе и како се чувствуваат. Кога маж ќе влезе во просторијата, тој фрла поглед на околината, наоѓа каде се излезите, бара познати лица и се обидува да одреди кој би можел да му претставува закана или да му биде непријател. Освен тоа, генерално мажите не можат да разберат кога жените се чувствуваат навредени ако не им кажат директно, додека, пак, жените очекуваат од мажите да ги прочитаат суптилните знаци што им ги праќаат.

11. Различно ги извршуваат задачите

Генерално, мажите можат да се сконцентрираат само на една задача одеднаш. Ако му зборувате на маж додека тој се бричи, постојат големи шанси дека ќе се исече. Од друга страна, пак, многумина сметаат дека жените можат да прават повеќе работи одеднаш. Повторно, причината за сето ова лежи во различниот начин на кој функционираат машкиот и женскиот мозок, како и во влијанието на општествено определените улоги уште од антички времиња. Пред илјадници години, доколку мажите не се фокусирале на ловењето, целото негово семејство ќе било гладно. Но, ако жените се концентрирале само на собирањето шумски плодови и корења, нејзините деца би можеле да настрадаат.

12. Различно се справуваат со проблемите

Кога жените имаат некаков проблем, тие разговараат за него со мајка им, пријателките, сопругот, па дури и со човекот што седи до нив во автобус. Тие го запишуваат тоа во нивниот дневник, па дури и го објавуваат на социјалните мрежи. Колку повеќе разговараат за проблемот, толку полесно им е.

Но, кога мажите се соочуваат со некакви потешкотии, тие само лежат пред телевизорот и страдаат во тишина. Тие се справуваат со стресот на тој начин што си го одвлекуваат вниманието од проблемите и не мислат на нив. Кога ќе се почувствуваат посмирени, тие почнуваат да бараат решение сами. Ако се обидувате да им делите совети и предлози, само ќе ги изнервирате.

13. Различно паметат информации

Женската меморија е како огромен шкаф со многу полици каде што сѐ е наредено на вистинското место. Жените ги зачувуваат информации за сите луѓе што ќе ги сретнат и за сѐ што ќе им се случи. Тие паметат најобични податоци за луѓето околу нив како што се нивните омилени јадења, родендени, услугите што биле побарани од нив и слично. Мажите, пак, ги паметат само нештата што ги сметаат за многу значајни и затоа најчесто ги обвинуваат жените поради тоа што си ги полнат главите со неважни информации.

Нема потреба да се грижиме за сите овие разлики, напротив, треба да ни биде драго што воопшто постојат. Како што се вели, спротивностите се привлекуваат и токму тоа ја создава магијата што нам ни е позната под името „љубов“.

Прегледи:
313
Ознаки:
· ·
Објавено на:
28.03.2017