Категории

Кампањата на Ријана и Fenty x Puma

Колекцијата обувки Fenty на Ријана за спортскиот бренд Puma се распродаде со молскавична брзина, а сега за сезоната пролет/лето 2017 таа се појавува како заштитно лице во најновата кампања. Славната музичарка се повеќе станува популарна во светот на модата и како дизајнер. Во фотосесијата која ја изработи фотографското дуо Luigi & Iango, таа е облечена во beanie капа, накит и марама со логото на Fenty и Puma. Како и останатите, така и оваа колекција се очекува да достигне рекорден продажен број.

Прегледи:
267
Објавено на:
29.03.2017