Категории

Новите Adidas Originals патики се неверојатно кул

Познатата дизајнерска куќа Alexander Wang оствари одлична соработка со спортскиот магнат Adidas, создавајќи колекција именувана како Adidas Originals. Откако уште минатата година беше најавен нивниот таен проект, колекцијата конечно е остварена. Трета по ред која Wang ја потпишува за германскиот бренд, се состои од вкупно 84 парчиња облека и обувки, а дел од нив се прикажани во едиторијалот кој го потпишува генијалниот фотограф Juergen Teller.
Оваа колекција, како и останатите кои ги создаде дизајнерот ја таргетира младата, урбана и кул популација која обожава удобност но и впечатливи, опуштени и лежерни дизајни на облеката. Парчињата ќе бидат достапни во продажба во продавниците на Adidas Originals како и продажните места на модната куќа Alexander Wang по цена која ќе се движи од $80 до $180.

 

Прегледи:
339
Објавено на:
29.03.2017