Категории

6 работи кои ги поседува девојка во која секое момче би се заљубило

Честопати мажите велат дека раскинале со некоја девојка или немаат храброст да се приближат на некоја девојка која им се допаѓа затоа што таа летала многу високо во облаците. Тие секогаш тврдат дека можеби најважно од сѐ им е девојката да биде приземна, без оглед на тоа колку е интелигентна или пак убава.

Но што всшност значи поимот „приземна“? Како препознаваат дали една девојка стои цврсто на земјата или пак лета во облаците и си замислува дека таа е во центарот на светот.  Во продолжение прочитајте што значи да се биде приземна девојка според поголемиот дел од момците…

Независност

Приземните девојки не зависат од никого. Тие не се обидуваат на секој можен начин да привлечат внимание и многу е едноставно да се биде со нив бидејќи немаат многу потреби. Тие не очекуваат од партнерот да ги исполнува нивните желби, туку самите го прават тоа за себе.

Несебичност и отвореност кон нови искуства

Грижливите и сочувствителни девојки кои секогаш сакаат да им помагаат на другите се многу посакувани од страна на момците. Исто така, приземните девојки знаат на скромен начин да прифатат комплимент и немаат потреба од тоа да им се ласка. Момците не можат да одолеат на девојки кои сакаат да пробуваат нови работи и притоа не се грижат дали изгледаат глупаво или смешно.

Приземните девојки не се жалат

Некои девојки сметаат дека нормален разговор подразбира жалење за сопствените проблеми и озборување на луѓето кои не им се драги. Но, момците тврдат дека приземните девојки не се жалат 24/7, туку секогаш се позитивни и се обидуваат да го извлечат доброто од секоја негативна ситуација.

Приземните девојки не драматизираат

Според момците, доколку девојката е смирена, не ги преувеличува работите и не создава драма, таа цврсто стои на земјата. Приземните девојки се однесуваат со луѓето со почит и разбирање, не ги озборуваат позади грб и не изигруваат „беспомошна дама во неволја“.

Рационални се

Приземната девојка размислува разумно. Таа никогаш не ги зема здраво за готово бесмислените информации што ќе ѝ ги пренесат пријателите, медиумите или луѓето околу неа, туку размислува со своја глава. Секогаш е практична, добро располага со финансиите и знае кои се нејзините приоритети.

Самоуверени се

Девојките кои цврсто стојат на земјата не се грижат што велат другите за нив. Тие секогаш се свои и се одликуваат со голема креативност и уникатност.

Опуштени се

Приземните девојки не се вознемируваат поради непотребни работи, туку секогаш се смирени и опуштени. Момците го наведуваат следниот пример: Ако таа нарачала пица со повеќе маслинки, но доставувачот на храна ѝ донел пица без ниту една маслинка, таа нема да полуди туку ќе ја прифати ситуацијата. Многу девојки би се вознемириле и би му се изнавикале на кутрото момче. Но, доколку таа влезе дома, види дека ја погрешиле нарачката и само ги поткрене рамениците, веројатно станува збор за многу приземна девојка која не прави од мравка слон.

Скромност

Приземните девојки не велат за себе дека се приземни. Тие не сакаат да се фалат за сопствените успеси и најтешко им е кога некој ќе им каже „Опиши се со три зборови“. Не се работи за тоа дека не знаат колку вредат или дека не се свесни за нивните позитивни карактеристики, туку едноставно непријатно им е да зборуваат за тоа. Но, не им пречи доколку другите ги пофалат.

Доколку не се пронајдовте во сите овие дефиниции на приземна девојка, не очајувајте!

Дури и да сакате да драматизирате понекогаш, вистинскиот човек за вас ќе ве сака токму такви какви што сте со сите совршености и маани. Тој сигурно ќе успее да ја пронајде вашата приземност во некој друг аспект од вашата личност.

Прегледи:
553
Објавено на:
30.03.2017