Зимата е веќе зад нас, но последиците кои ги остави на нашата коса нема само така да исчезнат. Измеѓу студенилото и сувиот воздух од греењето не можат да избегнат косата на пролет да изгледа дехидрирано и суво. Но не грижете се, ние ви донесуваме одлични трикови со кои ќе ги избришете сите негативни последици од зимата на вашата коса.
Истрижете ги врвовите
Идеално би било доколку ги стрижите врвовите на секои шест недели, така барем препорачуваат фризерите, но знаеме дека ретко кој се придржува на тоа. Сепак, ако сакате да ја обновите вашата коса од студената зима тогаш првиот чекор е да ги истрижите испуканите и оштетени врвови. Со тоа вашата коса ќе живне и ќе го добие потревниот волум и значително ќе придонесе во нејзиниот свеж и здрав изглед.
Користете овошна маска за коса
Со пролетта доаѓа и овошната свежина, па не заборавајте да ја негувате вашата коса со соодветна маска, ви препорачуваме таква која содржи овошни екстракти и состојки. Обрнете особено внимание да не го избегнувате овој чекор во рутината на миењето на вашата коса. Во вашата маска можете да додадете и малку рицинусово масло со цел да го забрзате нејзиниот раст.
Направете третман со врело масло
За овој чекор не треба да одете во фризерски салон. Направете мешавина од масло од јојоба, бадем, маслиново или кокосово. Доколку изберете две масла, тогаш ви требаат две лажици, а доколку се одлучите да направите мешавина од сите масла што е препорачливо, ве советуваме да користите по една лажица од секое. Така измешаните масла ставете ги во микровална. Мешавината топли масла нанесете ја на целата коса и замотајте ја во пунџа. На главата ставете прозирна фолија и потоа ставете крпа. Оставете да делува околу половина час и истовремено загревајте ја косата со фен како би ги активирале сите својства на маслата. После половина час измијте ја косата според вашата вообичаена постпка, и ќе забележите колку вашата коса ќе биде мека, сјајна и мазна.
Обрнете внимание на производите кои ги користите
За ефикасно обновување на вашата коса, многу се важни производите кои ги користите. Обрнете внимание на состојките на шампоните и регенераторите тие да имаат природни состојки, т.е. да не содржат алкохол кој дополнително може да ја исуши вашата коса. При одбирањето на маската внимавајте таа да не содржи синтетички состојки, а после кокое миење користете спреј за коса кој не се измива.
Смалете ја употребата на електричните алати за коса
Не морате во потполност да заборавите на пеглата и фигарото, но со нивно секојдневно користење само дополнително ќе ја оштетите и исушите вашата коса. Исто така внимавајте да не ги користите на највисока температура и при тоа задолжително употребувајте производ за заштита на косата од топлина.