Познатата визажистка Шарлот Тилбери ги знае триковите како да постигнете убаво средени веѓи без разлика дали ги поседувате природно. Тајната е во точно избраните козметички производи кои умеат да направат чуда.
Доколку имате светли веѓи сигурно нивното обликување ви претставува голем проблем. Се што треба да направите е да изберете гел маскара за веѓи во само една нијанса потемна од вашата, а притоа внимавајте да е во ист тон со природниот пигмент на вашата боја. Маскарата за веѓи е одлична замена на моливот за веѓи за оние кои имаат светли и ретки влакна затоа што тој да изгледа премногу неприродно.
Доколку имате темни и густи веѓи, но неправилна и нерамна форма тогаш ве советуваме да користите прозирен гел маскара за да ги „скротите“ влакната и тие да бидат на место. Користете молив за веѓи во една нијанса потемен од вашата природно боја и внимателно пополнувајте ги празните места со движења од коренот па нагоре. Така ќе добиете „имитација“ на природните влакна кои ќе направат вашите веѓи да добијат природно обликувана форма.