Се ближи Велигден и бојадисување на јајца. За да добиете јајца кои сите ќе ги остават без здив, пратете ги следните инструкции:
1.Исечете парче свила со некој интересен дезен и исто толку парчиња бело платно.
2.Замотајте ги јајцата во свилата, потоа и белата ткаенина и закачете ги со шноли за коса.
3.Повторете ја постапката со сите јајца.
4.Ставете ги јајцата во метален сад и наполнете ги со вода.
5.Сипете вода и 3 супени лажици алкохолен оцет, ставете ги на тивко да се варат и варете ги 15 минути.
6.Извадете ги јајцата, оставете да се изладат, а потоа одмотајте.
Истата свила може да ја користите неколку пати.