Сигурно и вам само ведри мисли ве врзуваат за 1-ви април. Денот на шегата става насмевки на лицата на луѓето од секоја генерација, а во голем број ја инспирира и креативноста, па така секоја година низ улиците парадираат маски за паметење.
Годинава и македонската естрада се забавуваше во тој дух, па дел од нашите водителки, пејачки, манекенки, стилисти се маскираа.
Марјана Станојковска беше балерината од филмот „Black Swan“, Емилија Розман стомачна танчарка, а пак Миланка Рашиќ го најде момчето со најдобра маска во Скопје и се фотографираше со него.
Еве како се забавуваа познатите на Денот на шегата!
Извор : Вистина.мк