Германското издание на најпрестижниот моден магазин Vogue во Мај, ќе го красат светските супермодели Кејт Мос, Лара Стоун и Ирина Шајк. Ѕвездената екипа застана пред фотографот Питер Линфберг во целосно „голо“ издание без ни малку шминка. Славните дами ги носат креациите потпишани од луксузните модни куќи како Armani, Gabriele Hears, и Haidera Ackermanna.. На само пред месец од својот пораѓај Ирина активно учествува во своите ангажмани како модел што доби навистина големо признание за посветеноста во својата работа, додека Кејт се закити со уште една насловна за „модната библија“ откако минатиот месец таа позираше и за априлското издание.