Категории

Неверојатни фотографии: Маж ја пораѓа својата сакана на совозачкото седиште

Некои породувања се неверојатни и возбудливи, како она на Лорен Странк.

Храбрата мајка го роди своето бебе на предното седиште од автомобилот со асистенција на сопругот Ноа на паркингот на болницата. Новите родители имале среќа што во автомобилот зад нив била фотографката која требало да го овековечи породувањето и успеала да го фотографираа нивното возбудливо искуство.

Бебенцето го добило името Паркер, бидејќи било родено во паркиран автомобил.

Имено, контракциите на Лорен започнале вечерта на 21 февруари, па таа веднаш се јавила кај дадилка за да го чува нејзиниот 3-годишен син Харисон и ѝ испратила порака на фотографката Стефани за да ја информира за породувањето. Додека чекале дадилката да пристигне, Стефани одлучила да оди во домот на идните родители наместо во болница, а потоа ги следела со автомобилот на пат кон болницата.

„Стигнав брзо до болницата, но погрешно свртив и се најдовме пред главниот влез, кој беше затворен. Се обидував да свртам за да се вратам назад, но таа ме запре прилично сигурно и ми рече: Мораш да го паркираш автомобилот, треба да дојдеш тука и да го фатиш бебето“ – раскажал Ноа, чија проценка е дека бебето дошло на свет за околу 2-3 минути.

„Му реков на Ноа: Мораш да го фатиш бебето веднаш! И тој го направи тоа“ – рекла Лорен.

Во меѓувреме Стефани успеала да го земе фотоапаратот и да ги направи неверојатните фотографии. Во објавата на Facebook, таа напиша:

„Во 12.21 часот по полноќ НЕВЕРОЈАТНА мајка и ЧУДЕСЕН татко го породија нивното скапоцено бебе на предното седиште од нивниот автомобил!!! Сè уште сум восхитена од нивната сила, нивното бебе не можеше да чека ниту една минута повеќе за да дојде на овој свет и се роди во рацете на татко му неколку минути откако тој го паркира автомобилот. Не постојат зборови за да опишам колку неверојатно беше да се гледа ова чудо, а уште повеќе што можев да го овековечам сето тоа!!! Заљубена сум во ова семејство!!! Добредојде на свет слатко бебенце.“

Подоцна, Стефани објави уште една фотографија од моментот на раѓањето на бебето, која совршено го доловува мајчинскиот инстинкт да го задржи своето чедо. „Мајчински инстинкт: Паркер се роди толку брзо што откако му излезе рамото, татко му буквално требаше да го фати. Но она што за мене е толку моќно е неговата мајка, која инстинктивно го зграпчи за рака откако го роди. Таа дури не се ни сеќава на тоа. Жените се НЕВЕРОЈАТНО силни ментално и физички! И по една недела, јас се восхитувам на нејзината сила“ – напиша таа во описот.


Извор : femina.mk

Прегледи:
373
Ознаки:
· ·
Објавено на:
06.04.2017