Иако поголемиот број на мажи мислат дека жените се заљубуваат само во убави, богати, успешни мажи, истражувањата покажуваат дека тоа не е точно.
Постои една особина кај мажите на која жените едноставно не можат да и одолеат. Ние ви откриваме за што станува збор.
Од истражување спроведено врз 50 млади жени, добиени се интересни резултати. На секоја од жените им биле прикажани слики или видеа од непознати мажи а тие требало да одлучат кој од нив им е најпривлечен.
Резултатите покажале дека најмногу внимание привлекле оние мажи кои биле насмеани или биле духовити во видеата.
Иако се покажало дека и физичкиот изглед имал големо влијание, сепак до женското срце најлесно допреле оние кои се обидувале да ги насмеат. Жените најискрени реакции имале на духовитите мажи од што може да се заклучи дека поголема е веројатноста една жена да се впушти во врска со маж кој умее да ја насмее наспроти некој кој е убав но без смисла за хумор.