Категории

Наследничката на Синди Крафорд во кампања за парфем

Брендот Marc Jacobs ја ангажира ќерката на познатиот супермодел Синди Крафорд за заштитно лице на парфемот “Daisy”. Парфемот доби ново младо руво во новата кампања чие лице ќе биде моделот во пораст
-Каја Гербер за која сите велат дека ја чека блескава кариера како и нејзината мајка, а во нејзина придружба во кампањата се појавуваат и моделите Софиа Мечетнер и Дилиа Мартинс. Слаткото трио е совршено олицетворение на веселиот и безгрижен дух на парфемот преточен преку нивната ведрина и разиграност на пролетната позадина.

Прегледи:
270
Категории:
Убавина и мода
Објавено на:
06.04.2017