Категории

Тренди пролетни здолништа

Ви ги донесуваме најновите трендови кај здолништата кои ќе царуваат оваа пролет.
Модните експерти претставија навистина голем избор на модели и кроеви со различни стилски елементи кои ќе донесат нова димензија во комбинирањето. На врвот повторно се вратија тексас здолништата во најразлични должини, од тесни струкирани кроеви до широките А силуети.
Плисираните здолништа и оваа пролет се омилени помеѓу дамите поради романтичниот и весел изглед и нивната функционалност да се комбинираат со секој дел од гардеробата. Здолништата во металик нијанси се главните „ѕвезди“ за оваа пролет па не пропуштајте да експериментирате со изгледот и да внесете доза на екцентричност.
Со трендот на широки волуменозни парчиња дојдоа и здолништата со набори.. Ова се најпопуларните трендови на здолништа за оваа пролет кои морате да ги имате во вашиот гардеробер.

1.Тексас здолништа

2.Плисирани здолништа

3.Здолништа во А-крој

4.Здолништа во металик нијанси

5.Здолништа со набори

Прегледи:
389
Објавено на:
06.04.2017