Категории

Дали правилно ја миете косата?

Најновите истражувања го оспоруваат она за кое сме мислеле дека добро го знаеме.
Иако правилата за убавина се менуваат од ден на ден и понекогаш станува навистина тешко да се следат оние новите, последната меѓу низата вести од beauty индустријата е вредна за внимание.

Стручњаците за коса како и научниците од лабораторијата на неколку најпознати компании за производи за коса не уверуваат како рецептот за мека и густа коса се крие во промената на редоследот на користење на шампонот и регенераторот. Односно, на врвовите на косата прво треба да се става регенераторот па откако добро ќе се исплакне следи употребата на шампонот.
Регенераторот со своите својства го зајакнува природниот заштитен слој на косата и зголемува сјајот, а шампонот ја отстранува тежината и маснотијата од регенераторот за на крајот сепак косата да изгледа чисто и лепршаво.

Ова рутина особено се препорачува доколку практикувате миење на косата секој ден и ако таа е доста оштетена и сува.

Прегледи:
295
Објавено на:
06.04.2017