Категории

Како да ја изберете идеалната нијанса на руменило?

Имате ладен или топол подтон? Дали вашата кожа е маслинеста или бронзена? Тоа се прашањата чиј одговор мора да го знаете ако сакате да ја пронајдете совршената нијанса на руменило, а понекогаш се чини и по малце напорно. Затоа ние откривме супер едноставен трик со чија помош ќе можете инстантно да откриете која нијанса на руменило е идеална за вас.

Што да направите?
Застанете пред огледало и нежно повлечете ја долната усна надолу. Која е бојата на внатрешноста на вашата уста, таква нијанса на руменило морате да одберете, а тоа е целиот трик!

Како функционира?
Бојата на внатрешноста на вашите усни е малку поинаква од остатокот на вашата кожа, бојата која ја добиваат вашите образи кога природно ќе зацрвените е идеалната боја за вас.

Како на класичен начин да ја одредите нијансата?
Светли тонови: Светлите тонови на кожата се прилично специфични при пронаоѓањето на идеалната нијанса бидејќи и со минимално нанесување можете да изгледате како да сте ставиле премногу. Ви препорачуваме нежни нијанси на розова, светла корална која се граничи со бронзените нијанси или нијансите на праска. Притоа ви препорачуваме да одбирате руменила со послаба пигментација.

Средни тонови: Овие тонови на кожата имаат повеже избор кога е во прашање руменилото. Идеалните нијанси се богато розова, топла загасита розова и темна нијанса на праска.

Темни тонови: Идеалните нијанси за вашиот тон се силна нијанса на fuchsia, топлите смеѓи нијанси, сите розови и портокалови нијанси. Овие весели бои ќе дадат живост на вашето лице дури и во студените денови.

Прегледи:
443
Објавено на:
06.04.2017